Дома Фудбал Модриќ: Рамос? Да, ова е неговиот дрес, тој е мој брат и легенда на клубот

Модриќ: Рамос? Да, ова е неговиот дрес, тој е мој брат и легенда на клубот

Во ДЕРБИТО од 26. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ја победи Севиља со 1:0 со голот на Лука Модриќ во 81. минута. Модриќ во игра влезе во 75. минута наместо Начо Фернандез, а шест минути подоцна со одличен удар од 20 метри му донесе победа на Кралскиот клуб.

По натпреварот, Модриќ срдечно се поздрави и го прегрна Серхио Рамос. Од 2005 до 2021 година, Рамос одигра 671 натпревар за Реал, беше негов капитен и со него освои 22 трофеи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Рамос играше во ПСЖ од 2021 до 2023 година, а потоа се врати во Севиља, клубот во кој ја започна својата фантастична кариера. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната, а досега има 24 настапи, пет гола и една асистенција.

“Серхио Рамос? Да, ова е неговиот дрес. Тој е мој брат. Луѓето секогаш не судат според годините, но неговото ниво на игра е едноставно извонредно. Многу сум среќен што го видов. Зборував со него вчера, тој беше многу емотивен. Тој е легенда“, изјави Модриќ за својот голем пријател и поранешен соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…