Лука Модриќ со прекрасен гол од слободен удар во 52. минута вчера и донесе победа на Хрватска во натпреварот против Полска во рамките од второто коло во Лигата на Нации.
Овој гол Модриќ го постигна на еден ден пред својот 39. роденден кој го слави денеска. По натпреварот истакна дека долго време не постигнал погодок на ваков начин.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Среќен сум што конечно го постигнав тој гол од слободен удар. Погодив и против Словачка, но со помош на противникот. Ова ми е прв директно, ако не се лажам од Динамо. Изгледа ми „лежат“ слбоодните во Осик. Голот е убав, меѓутоа најважна е нашата игра и борбеност. Навивачите беа феноменални“, изјави Модриќ.