Дома Фудбал Репрезентации „Модриќ е типичен пример за скромен Балканец“

„Модриќ е типичен пример за скромен Балканец“

Репрезентацијата на Хрватска која е актуелен светски вицешампион вчера пристигна во Словачка каде што ќе го игра натпреварот во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, селекцијата на Хрватска беше пречекана од голем број фанови и новинари, а во таа прилика медиумите во оваа земја го истакнуваа однесувањето на Лука Модриќ.

„Модриќ не се однесуваше како бројните светски фудбалски ѕвезди, не бегаше од фановите и камерите. Симпатичниот Лука им пријде на децата во дресови од Хрватска и не му беше да се фотографира и да дели автограми. Тој е типичен пример за скромен Балканец“, пишува порталот „Спортки“.

На нивниот сајт има и видео од пристигнувањето на Модриќ и друштвото, истото можете да го погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…