Дома Фудбал Италија Младата француска ѕвезда: Се спремам да играм за Милан

Младата француска ѕвезда: Се спремам да играм за Милан

Милан во последните денови од летниот преоден рок го купи францускиот талент Јасин Адли и го остави на позајмица во Бордо.

21-годишниот играч за врска блеска оваа сезона и се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Франција, а вели дека само се подготвува за преселба на „Сан Сиро“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога клуб како Милан те купува ти сакаш веднаш да одиш да играш таму, но оваа година ќе ми помогне многу. Исто така сакам да му помогнам на Бордо да има добра сезона. Тренерот очекува многу од мене“, изјави Адли.

„Кога ми се јави Малдини не можев да поверувам и веднаш кажав ДА на неговата понуда. Го следам секој меч на Милан и се надевам дека оваа сезона ќе го освои Скудетото“, додаде младиот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …