Дома Фудбал „Ми пречи кога гледам дека некој има повеќе Златни топки од Роналдо“

„Ми пречи кога гледам дека некој има повеќе Златни топки од Роналдо“

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари имаше интересна изјава на прес-конференцијата по неговата победа во Купот на Италија над Удинезе (4-0).

Иако Кристијано Роналдо не играше на овој натпревар, Сари зборуваше за чудесниот Португалец и имаше неколку навистина интересни зборови за главната ѕвезда на неговиот тим.

„Би сакал да му помогнам на Роналдо да стане најдобриот фудбалер во светот по шести пат. Ми пречи кога видам дека некој има една Златна топка повеќе од Роналдо.“ – изјави Сари.

Оној што има една награда повеќе за најдобар во светот е Лионел Меси. Аргентинецот беше прогласен за најдобар во 2019 година пред Роналдо и Вирџил ван Дијк.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…