Дома Македонски спорт Мак ракомет Михајловски: Го избравме Дејвис затоа што ги познава играчите

Михајловски: Го избравме Дејвис затоа што ги познава играчите

Вардар денес потврди дека нов тренер во пролетниот дел од сезоната ќе биде Давид Дејвис кој веќе работеше во Скопје.

Токму тоа што претходно бил во Вардар била една од причините Михајловски да се реши за Дејвис.

„Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти“, вели Михајло Михајловски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…