Спортскиот директор на италијанскиот гигант Милан, Масимилиано Мирабели изјави дека Џенаро Гатузо во следните денови ќе потпише нов договор.
Назначувањето на Гатузо на позицијата тренер се испостави како добар потег за Милан, бидејќи поранешниот фудбалер за кратко време усепа да го пробуди заспаниот гигант кој, од коло во коло, се приближува во местото кое води во Лигата на Шампионите.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Дека на „Сан Сиро“ се задоволни од работата на Гатузо сведочи и тоа што во следните денови ќе постигнат продолжување на соработката, а тоа го потврди и спортскиот директор Мирабели. Гатузо по продолжување на новиот договор ќе заработува околу 1,2 милиони евра по сезона.