Новак Ѓоковиќ денес го потврди својот хуман потег.
Денес на видео-конференција со новинарит Ѓоковиќ откри дека ќе донира милион евра за Србија во борбата против пандемијата со коронавирусот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашата донација е милион евра за респиратори и медицинска опрема. Бројот на заболени и инфицирани расте секој ден. Јелена јас и нашата фондација одлучивме да собереме повеќе информации. Да воспоставиме контакт и на најдобар начин да ги донираме средствата. Им благодарам на државните власти бидејќи во текот на претходните денови редовоно комунициравме“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ е само уште еден во низата најпознати светски спортисти кои ја помагаат својата држава. По милион евра претходно донираа Роналдо, Меси, Гвардиола, Мекгрегор…Федерер за Швајцарија донираше милион франци.