Дома Фудбал Италија Милик открива детали за инцидентот: Не изговорија ниту збор, само ми вперија пиштол…

Милик открива детали за инцидентот: Не изговорија ниту збор, само ми вперија пиштол…

Изгледа дека состојбата во Неапол се враќа во „нормала“…

Аркадиуш Милик ја потврди информацијата за нападот кој бил извршен кон него од страна на разбојници после натпреварот со Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На Милик му бил вперен пиштол во лицете и останал без „Ролекс“ часовник со вредност од 27.000 евра.

„Точно е го скршија стаклото на колата. Имаа кациги, не прозборија ниту збор, само ми беше вперен пиштол во лицете и покажаа кон часовникот. Не можев ништо да направам“, открива Милик.

Тој не смета дека напаѓачите го следеле.

„Мислам дека во прашање беше класична заседа, се им беше испланирано, ме чекаа во близина на куќата. Сите знаеа дека играме против Ливерпул таа вечер и дека доцна ќе се вратам. Знаеа каде да ме чекаат“, изјави послкиот напаѓач.

Со него во автомобилот била и неговата свршеница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никогаш не играле во Лигата на шампионите. Сега победија со 5:0 и се на чекор до историски успех.

Се одиграа уште четири натпревари од последното квалификациско коло за Лигата на шампионит…