Дома Македонски спорт Миленковски: Да победиме против Холандија и Чешка за да ја избегнеме Италија

Миленковски: Да победиме против Холандија и Чешка за да ја избегнеме Италија

Maкедонија овие денови живее во духот на одбојката откако одбојкарите со стартните две победи речиси и да го обезбедија осминафиналето.

Иако може да се каже дека 99% сме во осминафиналето, сепак селекторот Јошко Миленковски порачува да не се застане тука.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Игравме против најдобрите на планетата. Сепак, треба да го заборавиме овој пораз и да се фокусираме на следниот натпревар. Целта ја остваривме, се пласиравме во осминафиналето, освен ако нема некое чудесно црно сценарио. Одиме на победа против Холандија и Чешка, во обид да ја избегнеме Италија во осминафиналето“, кажа Миленковски.

Вчера по двете победи на стартот нашите одбојкари беа поразени од Полска, која е можеби и најсилната селекција во светот во овој момент.

Натпреварот со Холандија го играме утре од 17:00 часот, додека еден ден подоцна ќе се соочиме со Чешка, Осминафиналните средби се играат во Бари, Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…