Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари во септмеври.
Ова е прв собир за Милевски на кормилото на репрезентацијата и истакна дека е максимално фокусиран на првиот меч против Ерменија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлучив на овој собир да ги повикам фудбалерите кои имаат собрано големо искуство во националниот тим. Во тимот се повикани и неколку повратници, како и тројца дебитанти. Се радувам на овој собир, со нетрпение ја очекувам повторната средба со голем дел од фудбалерите кои беа дел од репрезентацијата до 21 година. Максимално сме фокусирани на првиот натпревар против Ерменија. станува збор за квалитетна репрезентација која и на минатите средби од Лигата на нации покажа дека е силен ривал со квалитетен селектор“, истакна Милевски.
„Бејтулаи е на поширокиот список, но моментно на таа позиција на која го планирам, како десен бек, во моментов Стефан Ристовски и Тодор Тодоровски се во подобра форма. Но, тоа не значи дека јас се откажувам од него, а иста е ситуацијата и со Влатко Стојановски. Не се откажувам од нив, ниту имам право да се откажам од нив, но ако не се најдат на овој список сега, не значи дека ќе ги нема и во октомври. Сепак, од нив зависи во каква форма ќе бидат“, објасни селекторот.
Фото: ФФМ/Петр Стојановски