Денес на прес-конференција во хотелот ,,Лимак” и официјално беше претставен новиот селектор.
,,Благодарам за дадената доверба, можам да ветам дека ќе дадам максимум. Со нетрпение го чекам почетокот на септемврискиот циклус. Возбуден сум што ќе видам познати лица. Наша цел се успешни квалификации и да останеме успешни до крајот на истите”.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
,,Не случајно бев присутен на Европското првенство. Не треба да не залажува победата над Германија, видовме на ЕП и тие натпревари треба да бидат наша насока до каде сме. Ништо нема да ни значи таа победа ако не бидеме на нивото на кое што сакаме да бидеме. Оваа репрезентација ома потенцијал и ќе се обидеме максимално да го искористиме”.
,,Ова не е мој приватен тим, ниту тим на мојот претходник. Кој ќе биде повикан ќе зависи само на нив. Ова е тим на Македонија, тие ќе треба да одговорат на предизвиците”.
Милевски потврди и дека ќе има измени.
,,Да ќе има измени, Пандев, Велкоски…Изразија желба да прекинат со играњето за репрезентацијата и им се заблагодарувам за се што направија. Прво сакам сите да бидат здрави и да можат да одговорат на предизвикот. Стручниот штаб ќе биде истиот со кој соработував и во У21″.
Ќе се обиде ли да го врати Пандев?
,,Горан е легенда, но тој беше категоричен во својата одлука. Мое е да направам се за да се обидам да ја пополнам таа празнина, која секако ќе биде огромна”.
Јаховиќ?
,,Остварив средба со Адис и не само со него со уште неколку потенцијални репрезентативци. Адис изрази желба да се врати и да помогне на репрезентацијата”.