Италијанскиот гигнат Милан денес го празнува својот 123 роденден. На денешен ден во 1899 година, Херберт Калпин го основал фудбалскиот клуб Милан, кој денес е еден од најтрофените клубови во Европа.
Миланскиот гигант е првиот италијански клуб кој ја освоил Лигата на шампиони, во 1963 година, а потоа истиот успех го повторил и во 1969 година. Сепак, најславниот период го доживува после 1986 година кога на чело на клубот доаѓа Силвио Берлускони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Милан има седум титулу во Лигата на шампиони и 19 Скудета во Италија, плус бројни интернационални трфеи, што го прави еден од најтрофејните клубови во Европа.
Притоа, во Милан продефилираше голем број на фудбалски ѕвезди и легенди, па денес „росонерите“ можат да се пофалат со 9 освоени „Златни топки“.
После кратката авантура на кинеските сопственици и неколкуте слаби години, клубот дојде во сопственост на американскиот фонд „Елиот“, кој му донесе финансиска стабилност и го врати Милан на врвот на италијанскиот фудбал.
Пред неколку месеци Милан беше продаден на американскиот финд „РедБрт“ за 1,2 милијарди евра.
My essence, my life, my purpose in life: Happy 123rd birthday to 𝑚𝑦 club 🥳🔴⚫️
— AC Milan (@acmilan) December 16, 2022
#SempreMilan pic.twitter.com/QEPxqwBmSp