Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат италијанските медиуми.
Олмо игра одлично во Лајпциг каде оваа сезона има постигнато 4 гола и 6 асистенции, а покажа добри партии и на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олмо на лето влегува во последната година од договорот, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Сан Сиро“.
Шпанецот може да игра на сите позиции во нападот, па поради тоа е на врвот на листата желби на „росонерите“.
Италијанскиот шампион е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.