Младиот играч за врска на Фламенго најверојатно брзо ќе ја промени средината и ќе се пресели во Европа, а сигурно дека тоа ќе биде некој голем клуб.
21-годишниот Лукас Пакет импресионираше голем број на клубови од Европа, па во јануари ќе има трка за неговиот потпис. Милан го испрати Кака да скаутира и да се обиде да го убеди да се пресели во овој италијански клуб, меѓутоа во игра влезе и ПСЖ, а тешко дека „Росонерите“ ќе успеат да му парираат на клубот од Париз кога се финансиите во прашање.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Она што дополително го „влече“ овој играч во Париз е бразилската суперѕвезда, Нејмар. Тој лично испрати барање до францускиот клуб да го доведе овој млад играч. Пакет дебитираше за Фламенго 2016. година, а успеа да забележи дури 80 настапи и да постигне 14 гола за овој тим во сите натпреварувања.