Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со Реал Мадрид за трансфер на Дани Себаљос.
„Росонерите“ откако постигнаа договор со УЕФА за исфрлање од Лига Европа се ослободија од стегите на Финансискиот фер-плеј и имаат поголема слобода да трошат во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан и Реал веќе го договорија трансферот на Тео Хернандез за 20 милиони евра, а моментално преговараат за трансфер на Себаљос на „Сан Сиро“.
„Кралевите“ за потписот на Себаљос бараат 50 милиони евра и не се спремни да го пуштат на позајмица, но одличните односи помеѓу двата клуба ја променија ситуацијата.
Милан сака да го донесе играчот за врска на едногодишна позајмица за 5 милиони евра, а следното лето да го откупи договорот за додатни 40 милиони евра.
Себаљос призна дека не е задоволен од статусот кој го има кај Зинедин Зидан и е отворен за преселба на „Сан Сиро“.
„Сакам да играм, а во Реал Мадрид не можам да имам континуитет. Цел ми е да бидам во тим во којшто ќе имам најмалку 40 натпревари во една сезона. Мислам дека следната ќе биде моја сезона“, истакна Себаљос.
Milan seem close to signing Dani Ceballos. Real Madrid’s valuation of the player is €50M and are not open to a loan deal formula, but the great relationship between the two clubs could work in the favour of the Rossoneri [La Repubblica] pic.twitter.com/yFTgzbbFqF
— Milan Eye (@MilanEye) June 29, 2019