Дома Фудбал Италија Милан спреми нова понуда за Леао

Милан спреми нова понуда за Леао

Италијанските медиуми откриваат детали околу преговорите помеѓу Милан и Рафаел Леао за продолжување на соработката.

Преговорите помеѓу Милан и Леао за продолжување на соработката траат веќе подолго време.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Леао има овластено две лица за преговори, првиот е агентот Жорге Мендеш, а вториот е угледниот фрацуски адвокат Тед Димвула. Притоа Спортинг Лисабон бара 19 милиони евра од Леао како отштета за неговиот трансфер во Лил.

Милан спреми нова понуда од 7 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му помогнат во дел од исплаќањето на неговиот долг кон Спортинг Лисабон.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ ќе имаат средба со агентот наредните денови и се очекува конечно да биде постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звезда на Милан не обрнува внимание на интересот на Сити и Реал

Милан и играчот од средниот ред на тимот Тијани Рајндерс немаат никаква намера да се разде…