Дома Топ вести Милан спрема трансфер бомба за јануари

Милан спрема трансфер бомба за јануари

Еминентниот француски весник „Паризиен“ пренесува дека италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Пари Сент Жермен и спрема голем трансфер за зимскиот преоден рок.

Со доаѓањето на Нејмар и Мбапе значително се намали минутажата на Ди Марија, па Аргентинецот размислува за промна на средината во јануари во потрага по поголема минутажа.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Раководството на ПСЖ нема да му стои на патот и ќе му дозволи да замине во зимскиот преоден рок, особено поради фактот што има потреба да продаде дел од играчкиот кадар поради Финансискиот фер плеј.

Аргентинецот е мета на многу европски гиганти, а „Паризиен“ пренесува дека Милан е во моментов најсилно заинтересиран и е фаворит за неговиот потпис.

„Росонерите“ се во постојан контакт со неговиот агент и наводно веќе започнале преговори и сакаат да ја победат конкууремцијата бидеќи за Аргентинецит се заинтересирани уште Јувентус и Интер.

Доколку Милан навистина успее да го доведе Аргентинецот тоа ќе биде големо засилување за тимот на Монтела кое ќе им помогне во борбата за излез во Лигата на шампиони, односно пласман во Топ 4.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…