Раководството на Милан нема намера да се раздели со Тео Хернандес и е спремно да ги одбие сите понуди, пренесуваат италијанските медиуми.
Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
22-годишниот Хернандес игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. За него интерес покажуваат ПСЖ и Барселона, а неговата цена е 50 милиони евра.
Управата на Милан не помислува да го продаде Хернандес и сигурно ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на нивна адреса.