Милан е последниот клуб кој се вклучи во трката за Жоао Феликс, пренесуваат португалските медиуми.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Феликс е разочаран од ситуацијата во Атлетико и побарал да го напушти клубот во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе стапил во контакт со „росонерите“, кога преговарале за новиот договор на Леао.
Атлетико е спремен да го пушти Феликс на позајмица за 8 милиони евра до крајот на сезоната со право на откуп, а Милан е заинтересиран за таа опција.
„Рекорд“ пренесува дека доколку Милан го продаде Леао, тогаш како негова замена сака да го донесе Жоао Феликс, а не е исклучена можноста и двајцата да играат заедно на „Сан Сиро“.