Дома Трансфер зона Милан сака да го откупи Брахим Дијаз

Милан сака да го откупи Брахим Дијаз

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.

Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз, а самиот фудбалер дал согласност.

Најверојатна опција е Милан да го откупи на крајот на сезоната, но Реал да има можност со бај-бек клаузула да го врати во Мадрид во следните две години.

Реал го следи развојот на Брахим Дијаз и не сака во целост да се откаже од него, но двата клуба имаат одлични релации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер не се откажува од Жиру

Тренерот на Интер, Антонио Конте не се откажува од намерата да го донесе Оливие Жиру во св…