Милан како гостин синоќа ја победи Спарта Прага во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа и така ја продолжи серијата на добри резултати.
„Росонерите“ ја продолжија серијата без пораз на гостински терен во сите натпреварувања која трае 18 натпревари. Ова е најдобриот резултат на клубот од 1993 година, кога серијата заврши со 20 натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан е лидер во Серија А и игра фантастично, а италијанските медиуми пренесуваат дека раководството сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Приоритет е засилување на одбраната, а прва цел е дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак чија цена изнесува 20 милиони евра.
Милан сака да ги засили и другите редови на тимот, па како засилување на средниот ред сака да го донесе Доминик Собослај од Салцбург.