Дома Фудбал Италија Милан потврди: Казната од УЕФА нема да влиае на трансфер пазарот!

Милан потврди: Казната од УЕФА нема да влиае на трансфер пазарот!

Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне денес потврди дека казната која се очекува да му ја изреќе УЕФА на клубот нема да ги промени плановите на трансфер пазарот.

УЕФА соопшти дека Милан не влегува во параметрите на Финансискиот фер-плеј и дека до 15-ти јуни ќе биде изречена казна за милансккиот гигант.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во најлош случај Милан може да биде исфрлен од европските натпреварувања, или да добие забрана новите засилувања да бидат регистрирани во Лига Европа.

Денес генералниот директор Мако Фасоне ги смири фановите и потврди дека казната на УЕФА нема да влијае на плановите на клубот на трансфер пазарот.

„Сакам да бидам искрен кон фановите. Одлуката на УЕФА нема да влијае на трансфер пазарот. Нашите планови остануваат исти, во секој случај ќе пристигнат 3-4 засилувања кои сметаме дека ни се неопходни. Во случај на најлошата одлука, да бидеме исфрлени од Лига Европа, ќе имаме малку помал буџет за засилувања, но тоа нема да влиае многу. Сепак, се надеваме дека казната нема да биде толку драстична“, изјави Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

По првпат во кариерата на капитенот на Португалија, беше исклучен додека играше за национа…