Дома Топ вести Милан повеќе нема да го чека Донарума, се чека само официјализација за новиот голман

Милан повеќе нема да го чека Донарума, се чека само официјализација за новиот голман

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил трансферот на голманот на Лил, Мајк Мањан.

25- годишен француски голман стана шампион со Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 15 милиони евра за неговиот потпис.

Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман. Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише до следната недела, ќе го официјализираат трансферот на Мањан.

Француските медиуми тврдат дека се е договорено со Мањан и Милан ќе почека уште неколку дена за да го официјализира трансферот на новиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…