Милан е далеку најактивен клуб во летниот трансфер период, а италијанските медиуми денес потврдија дека клубот од „Сан Сиро“ договори уште еден голем трансфер.
После Матео Мусакио и Франк Кесие, „росонерите“ го договорија трансферот на капитенот на Лацио, Лукас Биглиа.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Како што пренесува „Газета дело Спорт“ Милан за неговиот потпис ќе плати 18 милиони евра, а играчот ќе потпише тригодишен договор вреден 2,5 милиони евра плус бонуси.
Во наредните денови се очекува аргентинскиот репезентативец да пристигне во Милано на прегледи и официјално да стане играч на Милан.
Со доаѓањето на Кесие и Биглија „росонерите“ значително ќе го засилат средниот ред, па ќе се ориентираат на нападот каде главна мета е Алваро Мората од Реал Мадрид.
Трансферот на Рикардо Родригез од Волфсбург е практично договорен, а Милан е во потрага и по крилен напаѓач, на радарот се Кеита Балде од Лацио и Папу Гомез од Аталанта.