Милен е во напредни преговори со плејмејкерот на Челзи, Хаким Зијех и сака да го доведе во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.
Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на десната крилна позиција, а прва желба е токму Зијех.
„Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови, а Челзи сега е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.