Раководството на Милан по освојувањето на Скудетото работи на засилувањата за наредното лето.
„Росонерите“ наскоро би требало да добијат нови сопственции, а тоа ќе значи и нови средства во клубот пред преодниот рок. Ново име кое се поврзува со Милан е Енцо Фернандез од Ривер Плата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот Аргентинец е еден од клучните во тимот на Марсело Гаљардо, а со одличните настапи го привлече вниманието на европските гиганти.
Еден од заинтересираните е и Милан кој е спремен да плати сума од 18 милиони евра за да го ангажира Фернандез, претходно посериозно се поврзуваше со португалска Бенфика.
Секако, големиот успех во Серија А, настапот во Лигата на шампионите следната сезона и амбициозниот проект на „росонерите“ е нешто кое Милан го прави повеќе привлечна дестинација.