Милан и оваа сезона не ги исполни очекувањата и се бори за излез во Европа, па сака значително да го засили тимот за следната сезона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет за „росонерите“ ова лето ќе биде Лука Јовиќ, кој би требало да биде наследник на ибрахимовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, „Марка“ открива дека Реал и Милан започнале разговори во кои се вклучени четворица фудбалери на „кралскиот“ клуб.
Главните преговори се одвиваат за Лука Јовиќ, но Милан е уште заинтересиран за Мартин Одегард, Едер Милитао и Лукас Васкез.
Како што пишува „Марка“ Одегард би можел и наредната сезона да ја помине на позајмица, па потоа да му се посвети на Реал Мадрид. Интерес за него покажааа неколку клубови, но изгледа најмногу „загризал“ Милан.
Што се однесува до Милитао, тој пристигна како големо засилување но не успеа да се наметне во првиот тим. Милан сака да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 40 милиони евра.