Дома Топ вести Милан и ПСЖ спремаат трампа во јануари

Милан и ПСЖ спремаат трампа во јануари

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, а „росонерите“ не сакаат да го загубат фудбалерот без обештетување.

Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.

Причина за тоа е Пари Сент Жермен кој го сака Кеси и испратил понуда од 9 милиони евра по сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини и Леонардо стапиле во контакт и дека започнале преговори за трампа во јануари.

Милан не сака да го загуби Кеси без обештетување, а ПСЖ го нуди Паредес во замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…