Дома Фудбал Италија Милан и Интер официјално ја напуштија Суперлигата

Милан и Интер официјално ја напуштија Суперлигата

Италијанските гиганти Милан и Интер го следеа примерот од англиските гиганти и официјално потврдија дека го напуштаат проектот Суперлига.

Откако англиските гиганти и Атлетико Мадрид се повлекоа, веќе стана јасно дека проектот на Суперлигата пропаѓа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските гиганти денес со официјални соопштенија потврдија дека не се повеќе дел од Суперлигата.

„Ситуацијата е таква што Суперлигата повеќе не претставува интерес за Интер“.

Од Милан пак соопштија дека ја прифатиле поканата за Суперлига поради фановите и зголемување на квалитетот на фудбалот, а сега се откажуваат токму поради фудбалските фанови од цел свет кога ја виделе нивната реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се намалија опциите: Роналдо во еден клуб сигурно нема да се пресели

Кристијано Роналдо, преку својот неодамнешен протест во клубот Ал-Наср, предизвика многу г…