Дома Трансфер зона Милан и Баерн постигнаа договор за Ренато Санчез

Милан и Баерн постигнаа договор за Ренато Санчез

Еминентниот француски весник „Екип“ потврди дека Баерн Минхен и Милан постигнале начелен договор за трансфер на Ренато Санчез.

Не е тајна дека „росонерите“ се заинтересирани за Португалецот, а вчера и самиот Ренато Санчез потврди дека би сакал да се пресели во Милан.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Имено, фудбалерот има комплетен договор со Милан и ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона, па сега останува уште двата клуба да ги договорат последните детали.

Имено, Милан ќе плати 8 милиони евра за двегодишна позајмица, а потоа целосно ќе го откупи договорот за 32 милиони евра, па целиот трансфер ќе изнесува точно 40 милиони евра.

Баерн моментално е на турнеја во Кина, но веднаш откако ќе се вратат во Европа ќе бидат договорени последните детали и Ренато Санчез ќе се пресели во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Британците тврдат: Халанд сака да замине – го известил и Манчестер Сити?!

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер…