Дома Топ вести Милан „гризе прсти“: Херојот на Ајакс бил на чекор од „Сан Сиро“

Милан „гризе прсти“: Херојот на Ајакс бил на чекор од „Сан Сиро“

Ајакс оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и лансираше неколку таленти за кои се „тепаат“ европските гиганти.

Еден од „бисерите“ на Ајакс за кого гигантите ќе бидат битка ова лето е и 22-годишниот играч за врска Дони ван де Бек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ван де Бек беше херој на Ајакс и постигна гол во победата над Јувентус во Торино, а италијанските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот бил на чекор од Серија А минатото лето.

Имено, поранешниот спортски директор на Милан, Мирабели го договорил неговиот трансфер на „Сан Сиро“ за 25 милиони евра, но трансферот не се реалзирал поради фактот што имаше промена на сопственичката структура.

Новите сопственици донесоа нов спортски директор, Леонардо, кој имаше други трансфер цели, па пропаднал трансферот на Ван де Бек во Милан.

Оваа информација ја пренесе еминентниот „Кориере дело Спорт“ и тврди дека во моментов цената на младиот играч за врска е најмалку двојно повисока.


Дони ван де Бек е модерен играч за врска со одлична техника, кој игра одлилно во двете фази. Асистира, постигнува голови, но истовремено и му помага на тимот во одбрана.

За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…