Младиот голман има само неколку дена време да донесе одлука, па „росонерите“ ја продолжуваат потрагата по алтернатива.
Сагата околу иднината на Донарума никако да се заврши, а Милан ништо не сака да препушти на случајноста.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Извршниот директор на клубот, Марко Фасоне вети нов тим до трети јули, но изгледа дека тоа нема да биде баш така, но секако дека во Милан имаат намера трансферите да ги завршат што побрзо.
Поради тоа наскоро ќе биде позната и судбината на младиот Донарума, а управата на Милан е спремна на крајот и да се откаже од услугите на талентираниот голман. Претходно се шпекулираше дека негова замена би можел да биде Матија Перин, но сега шпанските медиуми пренесуваат нови информации.
Како што пренесува „Cadena COPE“ управата на Милан е заинтересирана за Серхио Рико како замена за младиот Донарума.
Шпанецот има договор со Севиља до 2019 година и откупна клазула од 30 милиони евра. Сепак, „росонерите“ за Рико ќе имаат конкуренција бидејќи за овој голман интерес покажа и Ливерпул.