Милан во зимскиот преоден рок е во потрага по дефанзивец кој ќе го замени повредениот Симон Кјаер.
Италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ се заинтересирани за Нејтан Аке од Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
26-годишниот Холанѓанец пристигна на „Етихад“ како големо засилување за 40 милиони фунти, но минатата сезона добиваше мала минутажа.
Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе на позајмица со право на откуп.
Сепак, трансферот на Аке ќе биде тешка за реализација затоа што дефанзивецот во последно време добива се поголема минутажа кај Гвардиола и на последните три меча беше стартер.
AC Milan 'weigh up a January move for Manchester City defender Nathan Ake' #MCFC #PremierLeague https://t.co/HrcMy5C8tg via @NewsNowUK
— Gabriel (@Doozy_45) January 10, 2022