Дома Трансфер зона Милан го продава Бака и купува „страшен“ напаѓач!

Милан го продава Бака и купува „страшен“ напаѓач!

Новото раководство на „росонерите“ синоќа имаше состанок со тренерот Винченцо Монтела кој доби гаранции дека на лето ќе има голем буџет за засилувања и за правење на тим кој ќе се бори за самиот врв.

Новите сопственици сакаат да го задржат Монтела, кој наскоро треба да потпише нов договор и ќе има клучна улога во доведувањето на нови засилувања.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Росонерите“ на лето ќе имаат буџет од 150 милиони евра кој со продажба на одредени фудбалери (Бака, Нианг) може да достигне до 200 милиони евра.

Главна цел ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да го замени Карлос Бака, а најголема желба е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг. На листата се уште Карим Бензема, Алваро Мората и Александре Лаказет.

Монтела сака да ги задржи Делуфеу и Пашалиќ кои се на позајмица од Евертон и Челзи, а од раководството доби гаранции дека на лето ќе бидат засилени сите линии на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …