Дома Фудбал Италија Милан го претстави Пулишиќ: Среќен сум што ќе играм во историски клуб

Милан го претстави Пулишиќ: Среќен сум што ќе играм во историски клуб

Милан денес и официјално го потврди трансферот на Кристиан Пулишиќ, кој на „Сан Сиро“ ќе го носи дресот со број 11.

Милан за Пулишиќ му плати на Челзи 22 милиони евра, а 24-годишниот офанзивен фудбалер стави потпис на договор до 2027 година, со можност за продолжување на уште една година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Многу сум возбуден што сум тука и што  ќе играм во ваков историски клуб. Овде уште од првиот ден се гледа дека се е посебно, затоа сакав да дојдам овде. Од која било причина, не ги добивав можностите што ги сакав во мојот претходен клуб, но сега имам одлична можност да го достигнам највисокото ниво што можам и да го однесам на друго ниво. Ова е огромен клуб, има многу дресови на Милан ширум САД и дефинитивно се доживува како голем, легендарен тим“, изјави Пулишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…