Денес Милан го одигра својот натпревар од 27. коло во Серија А, а противник на „росонерите“ им беше Лече.
Навивачите на Милан можат да бидат задоволни од она што денес го прикажаа „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото полувреме гостите од Милано поведоа со голот на Кастиљехо, а во второто видовме уште четири гола, три во мрежата на Лече, еден на спротивната страна.
Лече изедначи после еден сомнителен пенал преку Манкосу, меѓутоа Милан веќе во следниот напад повторно го врати водството преку Боновентура, а две минути подоцна Ребиќ погоди за 1:3. Конечните 1:4 ги постави Рафаел Леао во 72 минута со првиот допир на топката откако влезе во игра само три минути претходно.
Во вториот натпревар кој се играше во ист термин Фиорентина и Бреша одиграа 1:1.