Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети уште еднаш ја покажа својата големина и го поздрави враќањето на Паоло Малдини во Милан.
Малдини после цели 9 години се врати во матичниот клуб и ја презеде директорската функција, а Занети се радува што повторно ќе се сретне со својот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум многу среќен и задоволен за Паоло, тој е феноменален професионалец и исклучително добра личност. Неговото враќање во Милан е позитивно за фудбалот, особено за италијанскиот. Навистина многу го почитувам“.
„Многу пати се сретнавме како противници, сега и двајцата имаме друга улога надвор од теренот. Како и да е, и натаму постои взаемната почит, ќе бидам навистина среќен кога ќе го прегрнам на следното дерби, исто како што го правевме тоа многупати ан теренот. Сакам да му посакам многу среќа во неговата нова авантура“, истакна Занети.