Дома Фудбал Англија Методите на Тен Хаг: Холанѓанецот се казнил и самиот себе

Методите на Тен Хаг: Холанѓанецот се казнил и самиот себе

Во Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг воведе некои специфични методи.

Холанѓанецот на клупата седна во мај и во понеделникот против Ливерпул ја запиша првата победа во Премиер лигата и тоа против Ливерпул.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претходно сезоната „црвените ѓаволи“ ја започнаа катастрофално со два порази од Брајтон и Брентфорд. После натпреварот со Брентфорд како казна секој фудбалер на Јунајтед морал да истрча 13.8 километри.

Меѓутоа не трчале само фудбалерите, заедно со нив трчал и тој. Тен Хаг бил неверојатно исцрпен по истрчаните 13 километри, но сакал да покаже дека сите заедно се виновни за лошиот старт и дека мораат подобро.

Резултатот дојде веќе против Ливерпул каде што видовме одлична игра на Манчестер Јунајтед. Освен тоа фудбалерите на неговиот тим имаа истрчано дури 19 километри повеќе од играчите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …