Металург го доби противникот во третото квалификациско коло од ЕХФ Купот, па ќе се соочи со Горење Велење за место во групната фаза.
Горење се приклучи во второто коло од Купот на ЕХФ, во кое лесно ја елиминира Металопластика од Србија, со две победи 32-24 и 32-29, за вкупни 64-53.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенците ќе бидат домаќини на првата средба која ќе се игра на 16/17 ноември, додека реваншот во Скопје ќе се игра една недела подоцна.
„Горење Велење, слично на Металург, е млада екипа засилена со неколку поискусни ракометари, меѓу кои би го издвоил Давид Миклавчиќ. Ги гледав натпреварите на Горење против Металопластика и сметам дека Металург има добри шанси во овој дуел. Овој тим на Металург има поголемо меѓународно искуство од младите ракометари на Горење, стекнато во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата во последните години и тоа е значителна предност“, изјави тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ.