Металург не се прослави во Велење, каде го одигра натпреварот од 15. коло на СЕХА-лигата. Иако навестуваа дека ќе се обидат да му се реваншираат на тимот на Горење за поразот во Скопје, нашите ракометари со својата игра го сторија токму спротивното – му дозволија лесна и убедлива победа на домашниот состав.

Металург го одигра сигурно најлошото прво полувреме во тековната сезона во кое беше надигран, наттрчан, и без шанса да стори било што повеќе. Во тоа прво полувреме Горење постигна 21 гол, реализираше 11 контранапади и го заврши со предност од 8 гола, 21:13. Металург играше очајно во одбраната, додека во нападот најчесто се обидуваше да заврши со индивидуални акции, често упатувајќи брзоплети удари од неизградени позиции. Всушност, рамноправна игра видовме само во првите пет минути, за потоа на теренот да постои само тимот на Горење.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во ист стил се одиграа и првите десет минути од вториот дел, па предноста на домашниот состав се искачи на 11 гола разлика, 28:17. Металург одигра коректно само девет минути, од 45. до 54., кога успеа да направи серија од дури 6:0 и да ја намали предноста на противникот на само пет гола, 30:25. Но, кога се очекуваше Металург да го искористи моментот и посериозно да ја нападне предноста на Горење, се случи токму обратното – нашиот тим повторно заигра како во првото полувреме и во следните шест минути прими седум гола, а не постигна ниту еден, па средбата заврши со денеска највисоки -12, 37:25.

.

Горење Велење – Металург  37:25 (21:13)

Горење Велење: Ферлин (15 одбрани) 1, Запоншек (6 одбрани), Цехте 6, Медвед 2, Мазеј, Хасељиќ 3, Тајник 1, Овничек, Гребенц 4, Стојниќ, Тоскиќ 3, Поточник 1, Голчар 5, Вердинек 5, Клец 6,  и Пејовиќ.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Томовски (4 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Маџовски, Јагањац 3, Димитриоски, Токиќ 1, Шилегов, Танкоски, Серафимов 1, Кузмановски 7, Илиќ 8, Велковски 1, Пешевски 4, Гуглета, Лазаревски и Арсеновски.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 4 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…