Металург надмоќно го победи Работнички со 51-23 во натпревар од 14-то коло во ракометната Суперлига.
„Металурзите“ победата ја најавија уште на самиот старт кога поведоа со 5:0.После првите 30 минути резултатот беше 23:10 во користна Металург и уште тогаш победникот беше јасен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме избраниците на Зоран Кастаровиќ рутински ја одржуваа предноста и на крај запишаа висока победа.
Најефикасне кај Металург беше Дарко Кондев со 12 гола, а го следеше Лука Вујовиќ со осум погодоци.