Македонскиот вицепрвак, Металург ги започна подготовките за новата сезона. Првиот собир го организираа помошниците на Лино Червар, Ацо Јовиќ и Мисовски, а главниот стратег ќе пристигне утре пред тргнувањето во Маврово.
На тренингот на Металург беа присутни сите, како новите, така и старите ракометари на тимот од Автокоманда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Маврово во следните седум дена, Металург ќе се поготвува, а првите натпревари ќе ги одиграат на контролниот турнир во Струга од 12. до 15. август.
Коментари