Сликата на еден катарски стадион на кој ќе се играат натпревари од Светското првенство се шири на интернет поради „тмурниот изглед“.
Новинарот Тарик Пања објави фотографија на стадион во Катар со цел да покаже колку безживотно изгледа опкружувањето околу него. Корисниците на социјалните мрежи ја споделуваат фотографијата и испраќаат низа негативни коментари и иронично потсетуваат на изјавата на Инфантино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светското првенство во Катар ќе биде најдоброто во историјата“…
„Изгледа како воена база на која случајно е изграден еден стадион“, гласи коментар на еден корисник, а друг истакнува дека ова место би било одлично за снимање на хорор филм.
Стадионот на фотографијата се вика „Лусаил“ и има капацитет од 80.000 гледачи и на него ќе се игра финалето на Мундиајлот кое сигурно ќе го следат милијарда луѓе ширум светот.
Noticed the World Cup final stadium venue on flight home. Odd sight amid all that arid open space. Shrubs on way we’re told. pic.twitter.com/kvcZlCLxld
— tariq panja (@tariqpanja) April 4, 2022