Дома Фудбал Меси: ТОЈ е феномен, најдобриот напаѓач кој сум го видел во животот

Меси: ТОЈ е феномен, најдобриот напаѓач кој сум го видел во животот

Во интервју за TyC Sports фудбалскиот ас Лионел Меси, меѓу другото, говореше за тоа колку се восхитува на легендарниот бразилски фудбалер, напаѓачот Луис Назарио де Лима Роналдо.

„Оригиналниот“ Роналдо (како што многумина го нарекуваат) за време на својата фудбалска кариера постигна 34 гола на 37 натпревари во шпанската прва лига и се смета за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо беше феномен. Од сите напаѓачи кои сум ги видел во животот, тој беше најдобар. Импресивен играч од секој аспект“, беше јасен и конкретен Меси.

Меси никогаш немаше прилика да се сретне со Роналдо на фудбалските терени, бидејќи Бразилецот беше во Коринтианс на залезот од неговата кариера, додека Аргентинецот ги имаше своите почетоци во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Лука Модриќ има „само“ 40 години, а ги руши сите рекорди

Толку многу е кажано со суперлативи за неповторливиот Лука Модриќ, но тој секогаш наоѓа уш…