Дома Фудбал Останато Меси разочаран: Нашата игра е срање!

Меси разочаран: Нашата игра е срање!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Бразил синоќа ја декласираше репрезентацијата на Аргентина со 3:0, па сега „гаучосите“ се во опасна ситуација и им виси пласманот на Светското првенство во Русија 2018 година.

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси е загрижен за играта и резултатите кои во последно време ги остваруваат „гаучосите“.

„Доаѓаме после период на многу негативни резултати и на првиот удар, не сме во состојба да реагираме. Мислам дека мора итно да ја смениме оваа инерција. До првиот гол бевме добро поставени на теренот, потоа се загубивме, нашата игра беше срање“, истакна Меси.

„Ова е најтежок момент во мојата репрезентативна кариера и треба да се обидеме и верувам дека луѓето во Сан Хуан ќе ни дадат поддршка. Со сите лоши резултати кои ги имаме и покрај фактот дека сме паднати во гомна, сепак се зависи од нас“, заклучи ѕвездата на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде…