Дома Фудбал Репрезентации Меси по натпреварот со Хаити: Го пронајдов мојот партнер на теренот, името му е – Кристијан Павон

Меси по натпреварот со Хаити: Го пронајдов мојот партнер на теренот, името му е – Кристијан Павон

pavon mesi

Репрезентацијата на Аргентина пред почетокот на Мундијалот одигра контролен натпреварот против Хаити кој го доби со 4:0, а на оваа средба Лионел Меси запиша хет-трик и запиша една асистенција.

Секако, Хаити не е репрезентација достојна на нивото на Аргентинците, а најголема добивка од оваа средба може да биде соработката помеѓу првата ѕвезда Меси и младиот талент на Бока Јуниорс Кристијан Павон.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Павон влезе од клупата за резерви и му асистираше на Меси за хет-трик, а после натпреварот доби големи пофалби од медиумите, селекторот Сампаоли и Меси.

„Пронајдов партнер натеренот. Името му е Кристијан Павон. Брз е и единствен. Тој ни носи нешто поинакво. Пронаоѓа простор, втрчува помеѓу стоперите и бековите, прави разлика како и Анхел Ди Марија“, изјави Меси.

„Кристијан е играч кој има посебно ниво на комуникација со Меси. Влегува во простор, се нуди цело време, динамичен е и има важна улога во нашата репрезентацијата. Одработи одлична работа после влегувањето од клупата“, гласеа пофалбите од селекторот Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер ослабен во дербито со Рома

Италијанскиот шампион Интер во недела од 20:45 часот и гостува на Рома во дербито од осмот…