Осман Дембеле е под сериозна закана да го пропушти „Ел Класико“ кое се игра во рамките од 10-тото коло во Ла Лига.
Дембеле заработи исклучување во самата завршница од натпреварот против Севиља. Наводно фудбалерот на Барселона покажал непочитување и му се обратил на судијата со зборовите: Многу си лош. Во таква ситуација фудбалерите вообичаено добиваат минимална казна од два натпревари суспензија, ќе се почека да се види што ќе одлучи дисциплинската комисија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот тренерот на Барселона, Ернесто Валверде зборуваше дека тоа му е чудно затоа што Дембеле не знае многу да зборува шпански. Дека навистина е така покажува и рекацијата на Меси кога на натпреварот го бранеше Дембеле.
„Тој не знае да зборува, не знае да зборува“, му објаснуваше Меси на Лахоз.
Here's the clip of Messi telling Mateu Lahoz that Dembele "can't speak" Spanish ? pic.twitter.com/1lfayANE4D
— seyi (@xOluwaseyi) October 7, 2019
Сепак, судијата и покрај тоа остана на својата одлука и го испрати Дембеле порано во соблекувалната.