Обединетите народи, организација која се залага за еднаквост помеѓу мажите и жените објави податоци од заработката во машкиот и женскиот фудбал.
Според објавените податоци Лионел Меси годишно заработува 73 милиони евра, додека заработката на 1693 фудбалерки во најсилните седум лиги во светот изнесува 36.8 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ОН против тоа и сака заработката кај мажите и жените да биде еднаква или барем приближна.
За тој проблем интезивно се зборуваше на овогодинешното Светско првенство за жени каде што фудбалерките побараа поголеми бонуси за настапи. Американските дури и го тужеа својот фудбалски сојуз. Сојузот се обиде да им објасни дека од фудбалерите има повеќе добиквка, но според податоците на американските репрезентативки минатата година од влезници заработиле 51 милион долари, еден повеќе од фудбалерите во САД.
Во светот на професионалниот спорт само тенисерките се изборија за еднаква заработка со тенисерите. На најголемите турнири во светот наградниот фонд во машка и женска конкуренција е ист.