Дома Фудбал „Меси донесе одлука од која нема назад и тоа нема врска со Бартомеу“

„Меси донесе одлука од која нема назад и тоа нема врска со Бартомеу“

Лионел Меси донел конечна одлука да ја напушти Барселона и тоа едногласно го тврдат скоро сите медиуми и познати новинари од Каталонија.

Оваа вест вчера ги шокираше сите љубители на фудбалот, посебно навивачите на каталонскиот гигант кои се уште не можат да поверуваат и бараат оставка на раководството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми објавија и дека оставка на Бартомеу би можела да биде причина Меси да ја промени одлуката, меѓутоа изгледа и тоа нема ништо до прани.

Новинарот Алфредо Мартинез тврди дека Лео повеќе нема никогаш да го облече дресот на Барселона и тоа нема да се промени за било што.

„За оние кои се надеваат дека нешто ќе се промени. Меси донесе одлука од која нема назад и тоа нема врска со Бартомеу. Дури и да си поднесе оставка Меси нема да остане. Тој повеќе нема никогаш да го облече дресот на Барселона. Тажно е, но тоа е вистината“, напиша познатиот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг на прагот на италијанскиот гигант поради поранешен соиграч

Рахим Стерлинг минатата недела го прекина договорот со Челзи и веќе преговара со Наполи, к…